Местејќи го надзорот, СДСМ и ДУИ пропаднаа тендер од над 2 милијарди евра за 3 автопатски делници тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Грѓаните ќе почекаат уште неколку неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола. Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните. Научени се само да крадат, никако нешто да изгрдат. Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапкна во место и еден километар асфалт немаат поставено. Реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ