Мерки за претпазливост против 10 лица поврзани со акцијата во КПУ Затвор „Скопје“

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за претпазливост против 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје, донесе решенија со кои: По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, како и ценење на приложените факти и докази, го прифати предлогот и на 10 лица им определи мерки за претпазливост на одредeни обвинети, извести судот.

Мерките се забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, Обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице во
судот, Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и Забрана за преземање на определени работни активности, а кои се поврзани со кривичното дело. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, велат од Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Пред денешното рочиште се разболе обвинетиот кој со мотор го усмрти скопјанецот Југослав Николовски

Почина сведок во Кривичниот суд во Скопје

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски