Мерка за претпазливост за поранешниот прилепски градоначалник

Од:

На поранешниот градоначалник Марјан Ристески и на уште пет лица прилепскиот Основен суд им изрече мерка за претпазливост, при што им се одземени патните исправи.

Тие мора неделно да се пријавуваат во Судот. Мерката е поврзана со истражната постапка што се води по кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластување поради сомнежи за местење тендери за зимско одржување на градот, информираат од Основниот суд во Прилеп.

Според Жарко Велески, портпаролот на Судот оваа мерка е на барање на прилепското основно јавно обвинителство.

– Мерката за претпазливост е изречена за сите осомничени што вклучува одземање на патните исправи. Поднесена е жалба на оваа мерка и наскоро Кривичниот совет на судот треба да се произнесе по жалбата, вели Велески.

Во април прилепската полиција поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластување против поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески, но и уште против четири лица, со иницијали И.К. (63), Љ.М. (58), И.Ч. (67), Б.Н. (54), а против едно лице, со иницијали М.С. (59) за злоупотреба на постапка за јавен повик.

Кривично е пријавена и фирмата „Пела Транс“ ДООЕЛ од село Мажучиште, прилепско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Сите пријавени овозможиле фирмата „Пела Транс ДООЕЛ“ село Мажучиште да се стекне со противправна имотна корист, по склучени Договори за јавни набавки за зимското одржување на улиците и патиштата на територијата на општина Прилеп за периодот од 2012 до 2017 година во висина од 77.031.890 денари, пари од буџетот на општината Прилеп.

Истражната постапка е во тек.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски