Мери Николова: Нема да ја платам казната, спремна сум да лежам и во затвор

Од:

Граѓанската активистка, Мери Николова, е спремна да одлежи во затворите против чии услови протестира, но не и да ја плати казната од 1.710 евра која и е изречена по последниот протест пред Собрание. По протестот, кој се одржа во средата, Николова била повикана на разговор во полициска станица и добила три казни. Мора да плати по 600 евра за нарушување на јавен ред и мир и омаловажување на полициски службеник и 510 евра затоа што немала редарска служба и ленти на рацете.

Активистката вели дека таа е оштетената затоа што полицаец со употреба на сила ја спречил да влезе во Владата додека во рацете носела бебе.

-Имам докази и видео материјал како полицијата ме турка со дете во рацете. Во станица потпишав дека негирам и дека одбивам да ја платам казната. Реков дека немам пари, јас сум поборник за правда. Зошто да ја платиме кога не бевме виновни. Протестот не беше насилен. Не бевме толпа за толку обвиненија на мој грб. Фрапирана сум од висината на казните и се уште сум во шок. Не мававме со јајца, не викавме, не навредувавме. Немавме ни свирчиња со нас, само една баба чукаше на чинија што си ја земала од дома. Беше од мирно помирно. Зошто да платам. Спремна сум и да лежам во затвор – вели Николова за „А1он“.

Таа сведочи како полицискиот службеник ја нападнал додека се обидувала да се приближи до Владата за да побара одговор од пратениците.

-Мајките ми ги дадоа децата напред: „Затоа што не ги подобруваат условите во затворите, ми велат, нека им дадат казна и на нашите деца.“ Тргнавме кон специјалците и веднаш рипнаа на нас. Го носев бебето во раце и полицајците почнаа да ме туркаат со лакти, еден ме удри во грбот и ме стисна за мускул. Се свртев и ја фрлив ташната но не го мавнав. Се гледа на видео снимките кои ги имаме дека ме турка додека бебето вриштеше – вели таа.

Николова размислува да поднесе прекршочна пријава против полицискиот службеник за употреба на прекумерна сила.

Преку граѓанските собири, Николова и нејзините поддржувачи успеаа да издејствуваат собирање на потписи со цел промена на Законот за амнестија на осудениците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела