Мерал Груби: Ми ветија „Живот во Македонија“ и од срце посакувам да не ни се случи „ДУИ“

Од:

Мерал Груби, која поради презимето ја поврзуваат со функционерот на ДУИ, Артан Грубу појаснува дека нејзиниот сопруг е роднина со него, но дека таа не е директор, ниту сака да биде и дека не бара никаква функција. МИ ВЕТИЈА „ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА“ и од срце посакувам да не ни се случи „ДУИ“, пишува Мерал.

Еве што во целост напиша:

На многумина од вас пријатели мои ви должам објаснување.
Не сум директор, ниту пак сакам да бидам. Не сакам никаква висока функција во ниту една институција а и во партијата. Точно е дека цел живот ме нервира неправда, нечесни луѓе преваранти, профитери, лажни патриоти
лопови, дволични, безобразни, лажговци. Многумина од вас мислејќи дека сум на некаква позиција побаравте помош од мене, а јас се трудев да ве упатам на вистинското место. Многу од вас ме прашуваа што ми е Артан Груби.

Да тој и мојот сопруг се роднини, но ако сум сакала да имам некаква позиција верувајте одамна би била член и активист на ДУИ, висока функција би добила и да не сум Груби. Всушност внатрепартиските препукувања во ДУИ помеѓу писмени и неписмени многу му наштетиjа не само на Артан Груби туку и на партијата.

Кај ДУИ се случи борба за фотељи од страна на неписмени и лопови и истите тие лопови се против нашето презиме.

Од таа причина и желба за „Живот во Македонија“ се вклучив во борбата против криминалната власт со надеж колку толку да дадам мој придонес во СДСМ.

Други пак ме прашувавте што ми ветиле?? Па, сега ке ви кажам: НИШТО.

НО;
МИ ВЕТИЈА „ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА“
И од срце посакувам да не ни се случи „ДУИ“

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска