Мендух Тачи ја задржа лидерската позиција во ДПА, му честиташе и Ахмети

Од:

Лидерот на ДПА Мендух Тачи ја доби довербата на делегатите на 6-тиот Конгрес на ДПА, кој денеска се одржува во Тетово.

Тачи беше единствен кандидат за лидерската функција, а за него гласаа мнозинството делегати. Струшкиот градоначалник Зијадин Села, Конгресот на партијата го оцени како приватна забава на Тачи и Орхан Ибраими, а Тачи пак го обвини за коруптивни афери и непотизам на струшката локална самоуправа. Членот на најтесното раководство на ДПА Орхан Ибраими од говорница изјави дека за останување на кормилото на партијата Тачи ја имал поддршката и од струшкиот огранот.

Во својот говор Тачи остро ја нападна ДУИ заради застојот на Македонија на планот на евро – атланските интеграции што, како што оцени, се одразува на положбата на Албанците во земјава.

Членот на најтесното раководство на ДПА Орхан Ибраими од говорница изјави дека за останување на кормилото на партијата Тачи ја имал поддршката и од струшкиот огранот.

По конгресот, се очекува и враќање на пратениците на ДПА во собранието, со што тие ќе го прекинат двомесечниот бојкот.

Тачи за реизборот доби честитка и од Ахмети.

„Во име на ДУИ, задоволство ми е да го поздравам Вашиот реизбор за претседател на ДПА. Разликите меѓу нашите ставови се корисни за нашата држава. Јас сум сигурен дека делиме слични ставови околу главните прашања кои ја чекаат нашата земја и дека заеднички ќе дадеме конструктивен придонес во надминувањето на овие пречки, Ви честитам за одлуката за да се вратите во Собранието на Република Македонија и да продолжите со вашите активности како конструктивна опозиција која ќе понуди алтернативни решенија за проблемите со кои се соочува нашето општество“, вели меѓу другото лидерот на ДУИ, Али Ахмети во честитката до Тачи.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица, со отворени листи и со изборен праг од 5 проценти

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on