Мемети: Пратениците не смеело да бидат приведени

Од:

Народниот правобранител недвосмислено констатира дека со приведување на пратениците, осомничени за случувањата од 27. април 2017-та е повредено правото на пратенички имунитет и начелото презумција на невиност, поради непочитување на одредбите од страна на полицијата, информираше народниот правобранител, Иџет Мемети.

Оваа констатација на народниот правобранител доаѓа по доставената претставка од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потпишана од 33 пратеници, во која се истакнува дека при приведувањето има грубо кршење на Уставот и останати правни процедури.

Народниот правобранител се обратил до МВР од каде побарал објаснувања, информации и докази за постапувањето на полицијата при приведување на пратениците.

Од МВР биле дадени сите документи кои биле побарани од народниот правобранител, но не одговориле на ниту едно прашање на Мемети.

Конкретно се работи за прекршување на членот 19. од Правилникот за вршење на полициски работи во кој се вели дека доколку лицето покаже статус со кој му се дава имунитет, не смее да биде приведено. Според народниот правобранител, полицискиот службеник кој го извршил приведувањето бил известен за имунитетот кој го поседуваат пратениците, но и покрај тоа тој го извршил апсењето.

Мемети смета дека судиите Весна Димишкова и Ненад Царески кои го водат случајот ја злоупотребиле мерката притвор како казна за пратениците.

Народниот правобранител доставил препорака до министерот за внатрешни работи, во која бара да се спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапување на полициските службеници, кои на 28. ноември ги приведувале пратениците, да се утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител