Мехмети: Додека народот се занимава со црквата и абортусот, сите заборавија на јунскиот самит на ЕУ

Од:

Eрмира Мехмети Деваја, пратеничката и функционер на владеачката ДУИ, на својот Фејсбук профил ги искоментира актуелните случувања, протестите и инцидентите во општина Центар и Законот против абортусот.

„Некој протестира за црквата, а некој за забраната на абортусот. И додека народот има доста со што да се занимава – или се за црквата или против неа, или се за забрана на абортусот или за правото на избор, никој повеќе не се занимава со јунскиот самит на ЕУ, со ХЛАД (пристапниот дијалог на високо ниво, н.з.) или пак со прашањето околу името! Уште еднаш се докажува дека единствено Албанците остануваат искрено заинтересирани за интеграциските перспективи на земјата“ , напиша Мехмети Деваја на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он