Според информациите, по политичкиот ќор сокак, не е исклучена реакција, односно можна медијација на меѓународниот фактор, кој според непотврдени информaции би ги повикал двете страни да се вратат во Комисијата и да продолжат со изнаоѓање на решение.
Премерот Грувески вчера ги повика опозиционерите да изгласаат комисиски извештај каков што им одговара или да се распишат предвремени избори кои би се одржале на 13 октомври – три дена пред објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Mакедонија.
Токму од разврската на сегашната политичка состојба во земјава, односно од епилогот на работата на комисијата за расчистување на настаните од 24 декември зависи дали Mакедонија ќе се соочи со губење на препораката за преговори со Eвропската унија.