Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) денеска организира онлајн меѓународна конференција на тема „Лицата со аутизам во центарот на вниманието – поддршка преку индивидуално насочено планирање“.
Конференцијата која ќе се одвива на платформата Зум, е завршен настан од тригодишниот проект „A holistic approach to person-centered planning for Autism (AUTISM_PCP)”, од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.
Како што велат од МНЗА, целта на конференцијата е да се промовира методологијата за индивидуално насочено планирање прилагодена за лица со аутизам, развиена како клучен резултат од работата на Autism_PCP меѓународниот конзорциум во изминативе три години. Но, ќе биде даден и поширок пресек на моменталната состојба во однос на правата и потребите на лицата со САС, како и на системските решенија во однос на социјалните услуги за оваа категорија граѓани.
За учество на настанот се пријавени околу 600 гости од земјава, како и од Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, САД, Германија, Велика Британија, Нов Зеланд, Грција.