Меѓународна конференција за хидрометеоролошките служби од Западен Балкан

Од:

Во Скопје денеска почнува дводневна меѓународна конференција „ЕУМЕТСАТ информативен ден за хидрометеоролошките служби од Западен Балкан“ на која се очекува да присуствуваат претставници од Светската метеоролошка организација и од националните хидрометеоролошки служби од регионот.

Конференцијата ја организираат Европската органзиација за експлоатација на метеоролошки сателити (ЕУМЕТСАТ) и Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија. Целта е да се запознаат присутните со сателитската програма на ЕУМЕТСАТ и можноста за користење на сателитските метеоролошки податоци од страна на националните метеоролошки служби.

На конференцијата најавено е обраќање на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, директорот на ЕУМЕТСАТ, Ливио Мастроди и претставникот на Светската метеоролошка организација Тошијуки Курино.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска