Меѓународен воз во близина на Велес прегази 14 мигранти

Од:

Во близина на Велес синоќа околу 22,30 часот меѓу железничките станици „Рајко Жинзифов“ и „Пчиња“ меѓународен воз, кој сообраќа на релација Солун – Белград, прегазил 14 мигранти.

На местото на  железничката несреќа, екипи на прва помош стигнале од Скопје и Велес. Увид  за несреќата направиле екипи на СВР Велес, јавен обвинител и стручни лица на Македонски железници.

Телата на загинатите, како што за МИА информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, се наоѓаат во капелата на градските гробишта во Велес.

Стојковска додава дека осум мигранти се приведени и се наоѓаат во Полициската станица во Велес, а имало и поголема група  мигранти кои побегнале од местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски