Меѓународен фолклорен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во кочанско Оризари

Од:

Во чест на верскиот празник Ѓурѓовден, денеска на неколку локации во населбата Оризари кочанско, беа реализирани содржините од Меѓународниот фолклорен фестивал„ Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, кој го организираше фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари и се реализира по четврти пат.

– И годинава низ повеке автентични игри поврзани со празникот Ѓурѓовден, сакавме да ја доближиме традицијата, фолклорот, обичаите, песните и ората кои со векови наназад ги негувале нашите предци во населените места во Осоговијата, а подоцна со доселувањето и во населбата Оризари, изјави Александар Тошев, претседател на фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“.

На четвртиот по ред Мегународен фолклорен фестивал учествуваа фолклорни групи и друштва од Радовиш, Босилово, Кратово, Делчево, Ранковци и Кочани, а како гости настапија и членовите на фолклорниот ансамбл „Медвеџа“ од општина Трстеник, Србија.

Членовите на фолклорниот ансамбл од Оризари изведоа повеќе игри на трева, а пред присутните беа презентирани обичаите: биење на млеко, правење масло, сукање ѓурѓовденски зелник и правење други народни специјалитети кои се подзаборавени во денешно време.

Синоќа во салата на Домот на културата во Оризари се одржа целовечерен концерт на кој настапија фолклорните групи од Србија и домакинот фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“.

Годинешниот четврти по ред фестивал „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ финансиски е подржан од Министерството за култура и од општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји