Во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ и Месната заедница,во населбата Оризари кај Кочани, од утре до 4. мај ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“.
На фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли и групи од Македонија, Бугарија и Србија.
– Фестивалот има задача да ги сочува народните обичаи, песни и ора поврзани со верскиот обичај Ѓурѓовден, кои традиционално сред село се реализираат секоја година. На фестивалот ќе учествуваат фолклорни групи од Кочани, од Пехчево, како и ансамбли од Банско, Република Бугарија и од Босилеград, Република Србија.На одржувањето на фестивалот се поканети и претставници на УНЕСКО,со цел обичајот и сите други придружни манифестации да бидат заштитени,изјави Марјан Иванов, претседател на Советот на фестивалот.
Инаку, овој прв меѓународен фолклорен фестивал се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Кочани.