Меѓународен ден за борба против СИДА, граѓанскиот сектор клучен во контролата на ХИВ

Од:

Aктивностите на граѓанскиот сектор се носечки дел од националната програма и без нив не би била можна контролата на ХИВ во Република Македонија, беше констатирано на денешната прес-конференција по повод 1 декември – Светскиот ден на СИДА. Граѓанските организации што работат на терен ја поздравија одлуката на Владата и на Министерството за здравство да ги одржат во целост овие активности и да обезбедат буџет за ХИВ со што се очекува дека програмите ќе продолжат и во иднина.

„Ние, како граѓански сектор, очекуваме да се исполнат во целост заклучоците донесени од Владата минатиов септември, а тоа е да профункционира механизам на долг рок за финансирање вакви активности на граѓански организации кои се клучни за јавното здравје и во рамки на Министерството за здравство, по примерот на други министерства и единици на локалната самоуправа. Исто така, очекуваме да се унапреди начинот на кој се обезбедуваат антиретровирусните лекови во државата, со што ќе се гарантира сигурна и континуирана достапност на терапијата за пациентите. Ги поздравуваме чекорите што веќе ги презедоа Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и Клиниката за инфективни болести за да се обезбеди сите неопходни лекови да бидат регистрирани во државата и конечно да бидат ставени на позитивната листа”, истакна Андреј Сених од Платформата за ХИВ.

Иако Македонија има ниска стапка на ХИВ-инфекција, сѐ уште постојат преостанати предизвици, но и преземени обврски и можности до 2020 година за остварување на глобалната цел, а тоа е дури 90% од сите лица инфицирани со вирусот да го знаат својот ХИВ-статус за да можат да пристапат кон лекување и терапија. На тој начин, по 2020 година инфекцијата целосно би ја ставиле под контрола, драстично би опаднал бројот на нови инфекции и би се стабилизирал бројот на лица што имаат потреба од терапија, а со тоа би опаднале трошоците за лекување.

Вечерва со добротворен настан и музичка програма во Клуб-ресторанот на МКЦ во 20.00 часот ќе биде одбележан денешниот ден. Настанот е отворен за сите добронамерни граѓани и компании, а го организираат „Заедно посилни“ и партнерите.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска