Меџити не се откажува од интерпелацијата за Груби, со поддршка на опозицијата постои можност да му се изгласа недоверба

Од:

Иако пратеникот на ДУИ Изет Меџити се врати во Собранието и заедно со пратеничката група на ДУИ гласаше за довербата на Владата, за „ А1он“потврди дека останува на истиот став, односно дека нема да се откаже од интерпелацијата што ја најави против вицепремиерот за политички систем, Артан Груби.

Меџити вели дека неговиот пристап во Собранието и понатаму ќе остане конструктивен и критичен и ќе ги изнесува своите кои се разидуваат од неговите сопартијци. Меџити не сакаше да открие кога ќе ја иницира интерпелацијата и колку пратеници би го ставиле својот потпис на неа, иако извесно е дека има поддршка од Муса Џафери, Садула Дураку и Блерим Беџети кои излегоа како незадоволна формација од тимот на ДУИ, уште пред формирањето на Владата кога се делеа функциите во партијата.

“Останувам на истите ставови што ги изнесов пред неколку дена, за постапката за интерпелацијата дополнително ќе ја информирам јавноста“, одговори кусо Меџити за „А1он “

„А1он“ побара став од и вицепремиерот Груби во однос на неговата интерпелација, но тој не одговори како гледа на оваа иницијатива, која доаѓа токму од пратеници од редовите на неговата партија.

Од албанскиот опозициски блок сочинет од Алијанса и Алтернатива кој брои 12 пратеници изјавија дека ќе гласаат за интерпелацијата на Груби, затоа што според нив го изманипулирал албанското гласачко тело, само со една цел да седне на вицепремиерското столче.

„Доколку во Собранието пристигне таков предлог и се отвори дебата по оваа прашање, ние несомнено ќе дадеме поддршка Груби да си замине од ова функција. Ние ќе поддржиме интерпелација која ќе дојде за било кој министер од ДУИ, затоа што нашиот став е јасен, тие ги изманипулираа албанците на изборите за да се сместат во удобните фотелји.Но, има уште еден момент кој нам ни фрла сомнеж, а тоа е колку се искрени во намерата за оваа иницијатива. Според нас ова е уште еден театар на ДУИ, да го свртат вниманието кон себе, а не да ги решаваат проблемите на граѓаните за што ја добија довербата на изборите. Сепак, да почекаме да видиме, дали тоа ќе се случи“, велат од коалицијата Алијанса- Алтернатива за „А1он“.

Инаку, ова не е прва најава на пратеникот Меџити за интерпелацијата на министри од ДУИ. Тој уште во ноември месец најави дека ќе поднесе две иницијативи за Аратн Груби и за Бујар Османи министер за надворешни работи. Тогаш Меџити рече дека предлозите ќе ги достави до Собранието на истекот од 100 дена од работата на Владата, но тоа не се случи.

Инаку, за да ја поднесе интерпелацијата според собраниската процедура на предлогот треба да се потпишат 5 пратеници.Со оглед на фактот што до него се блиски Дураку и Беџети, доколку обезбеди поддршка од само уште двајца пратеници од ДУИ или од парламентарното мнозинство, тогаш интерпелацијата би можела да се изгласа, со оглед на најавите дека опозициските пратеници би ја поддржале.

Би можело да ве интересира

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Бугарите дел од уставот, Османи преседател, Села прв човек на Собранието – ДУИ симулираше конститутивна седница

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

ДУИ: Загрижени сме од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа