Меџити: Не е проблем законот за правична застапеност да биде испратен до Венецијанската комисија пред да се донесе

Од:

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити се согласува нацрт законот за правична застапеност да биде испратен до Венецијанската комисија пред да се донесе, за, како што вели, да се избегнат половични решенија.

-Законот, зошто да не. Добро е драфт законот да оди за да биде се чисто и на крај да не испадне како сегашните закони коишто се половични и затоа се проблематични, како Законот за јазиците, со балансерот. Немаме против тоа, а што ќе содржи не можам да кажам. Но, можам да ви кажам дека ќе има јавна дебата кај што ќе се инволвираат инклузивно и академци од сите универзитети, стручни професионалци од таа сфера се во функција да биде најдобро решение и решение кое не може утре, задутре да се оспори од некој. Значи, мора да внимаваме на уставната категорија правична застапеност, но, воедно да не дојдеме во судир со Уставот и пак утре-задутре да ни се случи оваа ситуација, вели Меџити на новинарско прашање.

Прашан кога очекува да биде подготвена драфт верзијата, тој вели дека се работи на тоа.

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска изјави дека до Владата досега не е пристигнато предлог решение за правична застапеност откако Уставниот суд го укина Балансерот. Митева вели дека прашањето е отворено и дека ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Ставот на Владата е пред да се донесе законското решение, да биде испратено до Венецијанската комисија.

– Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ја заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност, рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.

По укинувањето на Балансерот, од коалицијата „Вреди“ најавија дека подготвуваат предлог-законско решение. Министерот за здравство Арбен Таравари во саботата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.

Би можело да ве интересира

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада

ДУИ: Партијата се реформираше со заминувањето на Изет Меџити

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Општина Сарај: Не добивме владина финансиска подршка бидејќи не блокира Изет Меџити

Горан Наумовски