Меџити најавува масовни вработувања во администрацијата: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

Од:

Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, ветува вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјави Меџити.

Тој додаде дека Демократското движење е посветено на обезбедување поправично и подостоинствено претставување на Албанците во државните институции, создавајќи конкретни можности за вработување и професионален развој.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Поранешен пратеник и директор од ДУИ премина кај Изет Меџити

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски