Меџити: Набавката на „Трикафта“: Не зависи сѐ од нас

Од:

Иако се изгласани законски измени, бавно оди набавката на лекот „Трифакта“. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека проблемот го наследил и дека откако е тој на челната функција во изминатите два месеца, формирал комисија што порано ја немало.

Не прецизираше кога најдоцна би стигнал лекот „Трикафта“ и за останатите пациенти што го чекаат, а на укажувањето дека Асоцијацијата за цистична фиброза најави и протести, одговори „не зависи сѐ од нас“.

– Има законски процедури и тендери и не можам да прејудицирам со законски рок. Тоа е и неблагодарно. Сакаме што побрзо да го решиме тој проблем и од денот кога станав министер секој ден се занимавам со тој проблем. Формираме точни процедури и протоколи, секој ден разговараме и за местото каде ќе бидат згрижени најдобро пациентите со цистична фиброза за тоа да биде подолготрајно, ефективно и поквалитетно. Тоа е посензибилен проблем и не стоиме со скрстени раце. Правиме се за и другите пациенти што побрзо да го добијат лекот и еднаш засекогаш да го решиме тој проблем… Пациентите да добијат иноватвен лек, а потоа компетентните во стручната комисија да одлучат кој е најзагрозен пациент за да прими терапија, изјави Меџити по презентација на платформата Е-здравство.

На прашањето дали повторно пациентите ќе се вратат во болницата за деца „Козле“, одговори дека се разгледуваат сите можности како ќе биде најдобро за нив и дека во формираната комисија членува и пациент со цистична фиброза.

Би можело да ве интересира

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

A1on

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Меџити: Легитимен претседател на АА е Таравари, ја имаме поддршката од 83 делегати на Собранието

Катерина Ѓуровски