Медиумите не инвестираат во истражувачки стории

Од:

Иако постои мало зголемување од 0,4%, сепак бројот на објавени истражувачки стории кај 10 селектирани медиуми сè уште е многу мал и не достигнува ни 1 процент, покажа мониторингот за известувањето на 10 медиуми, спроведуван од невладините организации: Центар за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфо Центар.

Додека траел мониторингот биле регистрирани 270 новинарски прилози и текстови со истражувачко – аналитички карактер, или тоа се вкупно 8,8% од вкупниот број објавени материјали. Најмногу истражувања има за економија и политика, но најмалку има за корупција, здравство, судство и други теми. Билјана Бејкова од НВО Инфо Центар рече дека според податоците, 40% од прилозите и текстовите се еднострани.

Најазастапен извор на информации се државните инсититуции, на второ место се искачија универзитетските експерти и граѓанскиот сектор. Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници рече дека новинарите ја загубиле веста, и дека таа е на социјалните мрежи, но тоа што останува се истражувањето и контекстот на приказните.

Во препораките се наведува дека медиумите и новинарите треба да го подобрат квалитетот и кредибилитетот, не само на дневното новинарство, туку и на аналитичкото и истражувачкото новинарство, а уредниците треба повеќе да инсистираат на зачувуввање на професионалните новинарски стандарди.

Препораките за новинарите се задолжително во истражувањата да ги вклучуваат сите засегнати страни, а истражувањата да вклучуваат повеќе извори, документи и факти.

В. М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март