Медиумите и социјaлните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на Макфакс

Од:

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки во медиумите и на социјалните мрежи.

Павле Богоевски и прашањето што е тоа „пола“ што го купувал, најмногу инсирација им дал на твитерџиите.

Од вкупно анализирани 1606 спомнувања, на Твитер се појавил дури 943 пати, во медиумите 418 пати, додека најмалку на Фејбук, 245 пати, но во сите артикли е многу негативно коментиран.

Ова го покажа сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 14 до 17 мај годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 418 онлајн текстови од медиумите, како и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, кај корисниците на социјалната мрежа Фејсбук преовладува многу негативната кампања кон Павле Богоевски. Од 245 анализирани артикли на оваа социјална мрежа, тој се спомнува многу негативно во дури 130 постови и коментари, а во 39 негативно. Во 40 случаи за Богоевски се неутрални постовите, односно ниту позитивни ниту негативни, и во 13 позитивно и многу позитивно во само 13 артикли.

На Твитер, за Павле Богоевски од вкупно 943 твитови, во 496 се зборува за него во многу негативен контекст, а во 124 негативно.

Во исто толкав број нема ниту позитевен ниту негативен контекст за пратеникот, а во 104 е спомнат во позитивен и во 95 твитови во многу позитивен контекст.

Од одработката во медиумите, анализата покажа дека од вкупно 418 спомнувања, Павле Богоевски бил негативно коментиран во 62 медиумски артикли, а најмногу преовладува негативниот контекст во дури 261 медиумски написи.

Во 84 артикли е задржан неутралниот став, додека во 10 написи е спомнат во позитивен контекст, а само во еден новинарски текст е со многу позитивен контекст.

Вкупниот сентимент за периодот од 14 мај до 17 мај оваа година покажува дека Павле Богоевски најголем број многу негативни коментари има на Твитер, по што следува Фејсбук, па медиумите. Меѓутоа, во негативен контекст, Павле Богоевски најмногу бил спомнуван во медиумите, по што следуваат Твитер, па Фејсбук.

Позитивен и многу позитивен контекст речиси и нема во медиумите за Павле Богоевски, а во многу помал број се и на Твитер и на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска

(Анализа) Администрација пребројана: вработени 129 374 лица

Ана Ололовска