Локалните и регионалните медиуми ја прекинуваат програмата од следната недела

Од:

Регионалните и локалните медиуми од 26 април почнуваат со штрајк поради загрозување на економската и егзистенцијалната ситуација.

-Започнуваме со првата фаза во Вторник, 26.04.2022 со штрајк на локалните и регионалните медиуми.

Штрајкот ќе биде со гаснење на нашите програмски содржини во 19:00 часот до 19:30 часот.

На екраните на телевизиите да биде на црна позадина содржина на текст:

ШТРАЈК! Нашиот медиум како членка на Здружението на локални и регионални медиуми „Медиум Објектив“ штрајкува заради игнорирање на нашите барања испратени до Владата и надлежните институции!

На програмите на радио станиците да биде прочитан истиот текст со повторување во времетраење од 30 минути во истиот период.

Тие наведуваат дека Владата долго време ги игнорира нивните барања за ослободување на 50% од плаќањето за надоместок за дозволата за 2022 година кои ја плаќаат радиодифузерите кон Регулаторното тело. Регулаторот веќе безбеди 50% а остатокот се чека на одговор на Владата. Превидено е да се гасне програмата на 30 минути секој ден, а после 15 дена гаснењето да биде на еден час.
.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март