Медицина, Тодороф и Политика

Од:

Замислете само една убава приказна за Македонија која вели вака: Постоеше една преубава земја која беше толку убава што сите и завидуваа, имаше преубави барокни згради, имаше фонтани, имаше уставни судови, панорамски тркала, галии, мермер кој не е мермер, кариатиди со влошки, народот возеше ферарија, масерати, ролс ројсови и имаше прекрасен среден здравствен систем кој функционираше беспрекорно и сите беа здрави. Ова што го кажувам секако не можете да го видите бидејќи е само визуелна фатаморгана ама можете да го слушнете на секоја наша провладина телевизија кои функционираат кондомски беспрекорно со народски пари.

Е кога ќе сме и кај здравството и тоа е фатаморгана. По толку години средување од Тодороф и тајфата сироти ние останавме и без тоа малку здравство што го имавме. Дебакл, катастрофа и само неубави популистички нешта слушавме и гледавме додека Тодороф го “средуваше” здравствениот систем на РМ. Сеуште популистичките моменти мисли дека ќе “упалат“ и дека ќе се претстави како “спасител и реформатор” на здравството.

Центар или кабинет за еходијагностика на абдомен и тироидна жлезда во Драчево, снимање со најнов мамограф во Велес, отварање на спиналниот центар по 7-ми пат на Државната Клиника, се преместуваат опремите одваму натаму ама барем ги откри сите чаршафи кај што стоеа апаратите, браво барем прашината е избришана и е запазена хигиената. Па да ти порачам дека тотално си демаскиран и обезличен во овие последни моменти од твоето “владеење” со здравјето на државата.

Сети се Тодороф дека ти рече и даде цврста дијагноза и тоа на Сител дека избори на 24 април ќе има. Е па погрешна дијагноза џиуџицу избори на 24 април нема. Тоа му доаѓа исто како досега што ги убедуваше луѓето дека ќе даваш помош за интервенции, за да останат живи и тие луѓе кои ги нема. Колку уште ќе даваш погрешни дијагнози и зошто? Дали не те избркаа на клоци од преговорите, почна со своето научно знаење и толку висока интелегенција да им пречиш, а бе појма немаат тие дека ти се знаеш, да беше така а, бе се ќе се средеше, не само на преговорите туку и во здравството, а, бе врв си, еј, нема што. Пак на Сител како експерт за ДИК за избори де со аргументи тврдеше дека избирачкиот список е одличен и дека може брзо да се среди, 100.000 и над 100.000 гласови сакаше да кажеш дека аргументирано сакаш да се остават во владеење на ДПМНЕ?

Кај згреши пак во дијагнозата? Не ти помина ниту тоа штета а сите велат дека “се знаеш”. Добро за политика се виде дека си со константни промашувања и поради тоа се случуваат тектонски поместувања внатре во вашата партија жалосно не е во ред така. Знам дека секој ден пред себе во кабинетот ги гледаш црните бројки за недостаток на кадар, гинеколози, педијатри, пероснал, фактури, статистиките кои верувам дека знаеш дека се во црн пораст но зошто од позиција на министер за здравство не дадеш клучна информација за која нема апсолутно до денеска ништо што се случи со родилката од прилепската болница и зошто дојде до тоа? Знам дека ќе одговориш дека анализите се уште се работат, а длабоко во себе знаеш дека како и во политиката така и во медицината 1 + 1 никогаш не се 2 и сега есапот не ти чини.

Затоа, Тодороф не требаше никогаш да избрзуваш со своите самоуверени изјави, закони, прокламации и ред многу други популистички штетни нешта за сите нас. Времето тече семејствата и роднините чекаат одговор од тебе ,дали ќе го дадеш не знам ама едно знам сигурно долго ќе избегнуваш се за здравство, а ќе бегаш кон политиката таму ти е најсигурно таму си “одличен” за наша среќа.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска

Leave a Comment

18 − 2 =