Медиа Принт Македонија со нова сопственичка структура и нов извршен директор

Од:

Компанијата Мирекс плус од денеска е еден од сопствениците на Медиа Принт Македонија, медиумската групација во чиј состав се и треите најтиражни дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.

Мирекс плус покрај компаниите Орка Холдинг АД и Интернет груп инвестмент, имаат еднаков удел, односно по 33,3% од сопственичката структура.

Од 1-ви јануари 2013 година за нов извршен директор на Медиа Принт Македонија ќе биде назначена Јана Станисављева. Станисављева досега ја извршуваше функцијата маркетинг директор на Медиа Принт Македонија.

Покрај трите најтиражни дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, дел од медиумската групација се и единствениот дневен весник за спорт во Македонија „Македонски спорт“, неделникот „Теа Модерна“, двонеделното списание за автомобилизам „ГТА“ како и печатницата „Графички центар Скопје“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март