Мециновиќ: Во ЈСП се кршат работничките права – ДПМНЕ и СДС го саботираат јавниот превоз

Од:

Ќе ги потсетам советниците од СДС дека тие се дел од Владата со ДУИ (иако се помал коалиционен партнер) и може да апелираат до Владата да го исплати долгот кој две години го должи на ЈСП велите советникот од Левица во Советот на Град Скопје Амар Мециновиќ.

– Во однос на ЈСП, јас ќе набројам три клучни начела на Левица кои ги застапуваше во овој Совет. Прво, ние поддржуваме раксрстување со приватниот интерес. Второ начело е окрупнување на капацитетите на ЈСП, каде очигледно е дека требаат нови автобуси затоа што цело Скопје користи јавен превоз. И СДС и ДПМНЕ, кои заедно се власт во овој Совет, не дозволуваат да се окрупнат капацитетите, каде здружено се против одлуката за набавка на нови автобуси. И третото главно начело е дека Левица, од почетокот на својот мандат, се бори против договорите на дело. Овие договори продолжија, за на 1 ноември да не им бидат продолжени 50 договори на работници во ЈСП и да бидат избркани како кучиња! И ние во континутет гледаме грубо прекршување на работничките права и работничките услови во ова претпријатие се на едно мизерно ниво, рече Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна