МДС: Одредбите од Изборниот законик подеднакво да важат за сите вработени во МНР

Од:

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) најостро го осудува потегот на Министерството за надворешни работи (МНР) за водење на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на член на МДС во период кога се закажани предвремените парламентарни избори и бара да бидат почитувани одредбите од Изборниот законик за сите вработени во МНР подеднакво, вклучително и за членовите на МДС, а во спротивно најавува кривична пријава.

– Доколку раководството продолжи да презема дејствија кои се казниви како кривични дела согласно Изборниот и Кривичниот законик и во конкретниов случај не ја стави дисциплинската постапка во мирување, МДС ќе поднесе соодветни кривични пријави против сторителите, велат од синдикатот.

Непосредно пред распишувањето на изборите на 16 февруари, прецизира Синдикатот, Министерството за надворешни работи формираше Комисија за водење на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на член на Македонскиот дипломатски синдикат.

– Спротивно на одредбите од Изборниот законик, на 25 февруари 2020 година претседателот на дисциплинската комисија, Методија Белевски, закажа расправа за 2 март 2020 година, флагрантно кршејќи го Изборниот законик со дејствие коешто согласно член 178, став 1 и 2 од истиот Законик претставува кривично дело. Една од можните санкции, доколку се утврди одговорност за дисциплински престап, е и престанок на работен однос. Согласно Изборниот законик, член 8-а, став 1, алинеја 5, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори, до завршување на изборот на пратеници во Собранието и изборот на Владата согласно резултатите од изборите, не може да се започне постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување. Оттаму, започнатата постапка за дисциплински престап против член на МДС мора да биде ставена во мирување, порачуваат од МДС.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, ги нарече опозитиските политичари неодговорни и незрели

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски