МД „Илинден“ со реакција за информациите за бројот на Македонците

Од:

Македонско друштво „Илинден”-Тирана и неговиот огранок Голо Брдо реагира на, како што истакнуваат, „продолжените тенденции на Друштвото за бугарско – албанско пријателство дека во Албанија живеат Бугари, бидејќи тоа е грб фалсификат, зашто во Албанија ниту имало ниту има Бугари.

– На веб порталот Татковина.мк им порачуваме да не бидат ментори и со нивното помагање во однос на соопштенијата со кои се обидуваат да ја оцрнат и омаловажат борбата на Македонско друштво „Илинден“-Тирана и огранок за Голо Брдо во однос на правата на македонското национално малцинство во Албанија. Согласно реалната состојба во Албанија, уште еднаш ги отфрламе тврдењата на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, дека во Албанија нема население кое се чувствува како Бугари, стои во денешата реакција на „Илинден“.

Пласираните тврдења, се додава во реакцијата, македонското национално малцинство во Албанија ги оценува како груб фалсификат на историјата и вистината.

– Обидот нивната националност да се прикаже како бугарска, Македонците категорично ги отфрлаат и нагласуваат дека во Албанија ниту имало, ниту денес има Бугари. Секако, ова не се однесува на членовите на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, кои со своето одродување и со земените бугарски пасоши се обидуваат да создадат привид за постоење Бугари во Албанија, се наведува во реакцијата.

Се додада дека бројот на „ново создадените Бугари“ е безначаен, податок кој е познат на целата јавност и број кој е недостоен за разговор“.

– Македонците се категорични дека поради безначајната бројка на „Бугари“ бугарската политика манипулира со бројка која е валидна за постоечкото македонско национално малцинство во Албанија, наведуваат од МД „Илинден“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он