МЦКР со апел за мирни протести

Од:

Македонски Центар за Култура и Развој (МЦКР) како носител на проектот Граѓанска превенција упати апел до организаторите на најавените јавни протести за в петок да ги преземат сите можни чекори за квалитетно организирање на собирите и преземање камплетна одговорност на организаторите на протестите за нивниот тек.

Како што соопштија од МЦКР тие апелираат до безбедносните служби да бидат воздржани во рамките на спроведување на своите надлежности и да делуваат во рамки на своите надлежности. Апелираат до политичките партии кои легитимно на демократски избори ја добиле довербата од граѓаните да се вклучат во полн капацитет во процесот на слушање на пораките што ги добиваат од граѓаните.

– Апелираме верските заедници и поглаварите да делуваат превентивно и симболично да демонстрираат единствено во насока на запазување на европските критериуми и вредности при организирањето на јавни собири од страна на граѓаните. Апелираме до секое семејство и особено до родителите суштински да се грижат за своите деца. Апелираме до медиумите да известуваат коректно од јавните собири, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски