Скопјанец починал од срцев удар при влегување во Преспанско Езеро. Неофицијално, станува збор за 65-годишен маж, кој бил пронајден мртов на длабочина од 1 метро во езерото.
Несреќата се случила на плажата “Сливница”, каде веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош, а лекарите ја констатирале смртта на скопјанецот.