Маж од Форино обвинет за тргување со хероин и метадон

Од:

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на 7 ноември, при личен преглед на обвинетиот и при претрес во неговиот дом, кај него биле пронајдени 3,10 грама хероин, како и четири шишиња со вкупен волумен од 40 милилитри метадон, коишто ги држел неовластено заради натамошна продажба.​

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски