Маж и жена – Молдавци во години, се превртеле со четирицикл во охридско, тешко се повредени

Од:

Повозрасна двојка од Молдавија, маж и жена, се тешко повредени во несреќата што им се случила на патот од Охрид накај селото Велестово, соопшти охридската полиција.

63-годишниот маж и 60-годишната жена попладнето околу 18 часот излетале од планинскиот пат на местото наречено Крстец, по што се пренесени во болницата „Свети Еразмо“, се вели во полициското соопштение.

„На 16.06.2021 во 22.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди биле донесени М.Ц.(63) од Романија и Т.Ц.(60) од Р.Молдавија. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 18.00 часот М.Ц., кој управувал моторно возило четирицикл „цфмото“, со охридски регистарски ознаки, во кое сопатничка била Т.Ц., на место викано „Крстец“ кон с.Велестово, изгубиле контрола над возилото и излетале надвор од коловозот“, велат од полицијата, која извршила увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он