Матурантите се договорија со Заев, ќе има два екстерни и два интерни испити

Од:

Владата и Сојузот на средношколци изнајдoa заедничко решение со кое секој матурант ќе може да се запише на било кој факултет во државата или надвор.

„Нужно беше државната матура да претрпи измени и да се најде заедничко решение. Се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се договоривме да се претвори во интерен испит“, рече премиерот Зоран Заев по средбата со средношколците.

Тој рече дека решението го договориле следејќи го примерот од останатите европски држави.

Подоцна Сојузот на средношколци преку соопштение ја извести јавноста дека сепак ќе има два интерни испити и дека на прес конференцијата дошло до забуна.

„Сегашниот модел се состои од три екстерни и еден интерен. Едно од нашите барања, покрај другите девет, беше третиот екстерен предмет да се симне на ниво на интерен. Значи, да се полагаат два екстерни и два интерни предмети. Поените за интерните ќе се добиваат врз основа на просек и оценката од испитот“, појаснуваат од Сојузот на средношколци.

Матурата оваа година наместо на 29 мај, ќе започне на 5 јуни.

Би можело да ве интересира

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Јаневска очекува годинава да нема препишување при полагањето на матурата