ВИДЕО: Материјални докази за трансакциите на „Финзи“ на судењето за „Трезор“

Од:

По подолга пауза денеска во Кривичниот суд со главна расправа продолжи судењето за случајот на СЈО „Трезор“ кој се однесува на проневера на државни пари за набавка на софтвер за пресретнување на комуникации од странство за потребите на Петтата управа.

На денешното рочиште за случајот од страна на обвинителите на СЈО се изнесуваат материјалните докази кои се однесуваат на формирањето на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ и трансакциите кои се направени поврзани со истата.

Обвинети во случајот „Трезор“ се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник министер во МВР и член на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ.

Според обвинението, обвинетите Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Фирмата „Финзи“ откако ја презела набавката увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката на опремата е направена во 2010 година, а фирмата „Финзи“ ДООЕЛ е формирана кон крајот на 2009 година.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува