Материјалите за Љубе Бошкоски однесени кај Катица Јанева

Од:

Прислушувани материјали за случајот “Ровер“ односно местење и нарачување на судски процес за Љубе Бошкоски понеделникот беа однесени кај специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Материјалите биле предадени од адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев.

-Материјалите се предадени во понеделникот, првиот работен ден по рочиштето за “Ровер“. Предадени се аудио запис и транскрипти од аудио записот и СМС пораки поврзани со предметот Ровер, изјави Кратовалиев за А1он.

Тој не открива што има во материјалите, но вели дека е јасно како станува збор за нарачан судски процес. Тоа во неколку наврати во текот на целото судење го повторуваше и Бошкоски, кој отфрли било каква вина и инволвираност во убиството на Маријан Тушевски.

Минатата недела, откако Бошкоски покажа материјали во раката, односно аудио записи и транскрипти, за кои рече докажуваат како целиот случај е политичка нарачка, јавната обвинителка се откажа од “Ровер“ но рече дека формално останува се додека не се донесе одлука дали предметот ќе го преземе специјалното јавно обвинителство.

Судската одлука за „Ровер“ два пати се враќа на повторно судење, а Бошкоски првиот пат беше казнет со 12, а потоа со 10 години затвор.

Единствениот доказ против него беше како во времето на инквизицијата, односно “заштитен сведок“ кој тврдеше како му кажале дека Бошкоски дал зелено светло за убиството на Тушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска