Масовна тепачка во центарот на Охрид

Од:

Во центарот на Охрид, на самиот Кеј на езерото синоќа пред полноќ се случила тепачка.

Во инцидентот учествувале две групи млади лица, најверојатно од Скопје, а во меѓусебната пресметка било употребено и ладно оружје – нож, со кое се нанесени и неколку убоди.

На местото на случката на Кејот „Маршал Тито“ се забележливи крвави траги, а непосредно после инцидентот во неколку наврати интервенирала и Службата за итна медицинска помош која ги префрлила повредените во Медицинскиот центар во Охрид.

Од Секторот за внатрешни работи потврден е случајот, во тек се активности за утврдување на околностите и наскоро ќе соопштат повеќе детали за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он