Мас: Спорот со Бугарија нека го решаваат историчарите, без притисок од надвор

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, денеска на заедничката прес-конференција во Берлин со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, порача дека Германија нуди поддршка преку искуствата за решавање на прашањето меѓу Скопје и Софија, но останува проблемот да биде решен на билатерално ниво, а преговорите да ги водат историчарите.

– Минатата година имавме интензивни преговори со партнерите во Скопје и Софија и исто така нудиме и понатаму поддршка со нашите искуства доколку тоа го побараат Северна Македонија и Бугарија. Останува овие прашања да се решат на билатерално ниво. Историчарите, мора да ги водат преговорите во рамки на своите комисии, без притисок од надвор, потенцира Мас.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, посочи дека клучот на решението на проблемот со Бугарија е во Договорот за пријателство потпишан во 2017 како прецизна политичка рамка за разрешување на било кои недоразбирања.

– Во исто време во континуитет имаме искрен пристап кон нашите соседи со посебен фокус кон Бугарија. Веќе оформивме и Акциски план за линиската соработка меѓу двете држави на повеќе полиња. А подготвени сме да влеземе и во суштинска расправа за недоразбирањата што ја оптоваруваат довербата меѓу двете земји, рече Османи.

На последниот, 13. состанок на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, што се одржа на 23 април во онлајн формат, не се постигна никаков резултат, што според претседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев, се должи на политичката ситуација во Бугарија. Тој рече дека разговарале за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна. Наведе дека двете страни останале на истите позиции и главна причина што нема резултат е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на ваквиот вид спорови.

Би можело да ве интересира

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ

Апелација го осуди управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи за вршење мобинг врз Анкица Стојановска Митровска

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ