Мартин Протуѓер избегна соочување во Анкетна комисија, јавноста нема да слушне кого сакал да фрли во ендек

Од:

Шефот на кабинетот на Премиерот, Мартин Протуѓер, не се појави на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето каде требаше да се одржи сослушување за неговата вмешаност во евентуалните кривични дела на кои упатуваат објавените телефонски разговори.

Според бомбите Протуѓер е наводно вмешан во изборни манипулации, злоупотреби и примена на насилство. Позната е една реплика кога Протуѓер наводно вели дека ќе фрла луѓе во ендек.

„Мајмунов од Фудбалската федерација намерно не пушта карти. Жена му, децата во ендек ќе се најдат. Мајката нивна комунистичка“, стои во една од „бомбите“ што ги објави Заев.

На денешната седница беше закажано и сослушувањето на министерот за финансии, Зоран Ставревски, но ниту тој не дојде. За разлика од Ставревски кој испратил известување до Комисијата дека може да присуствува на 17-ти месецов, Протуѓер ниту писмено ниту усно не ја известил Комисијата дека ќе биде попречен.

Од друга страна и да пристигнеше Протуѓер останува нејасно дали неговото сослушување ќе се одржеше затоа што членовите на Анкетна изгласаа поинаков дневен ред од предвидениот. Наместо како точка на дневен ред да биде сослушување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа таквата точка да се отстрани и наместо тоа Комисијата денеска да работи на формирање на работни групи кои би ги посетиле наредните денови институциите каде се врши прислушувањето.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Павле Саздов и Антонио Милошоски побараа ваква промена на дневниот ред затоа што сослушувањето на сведоци, како што рекоа, мора да почне од премиерот Никола Груевски. Со тоа што Груевски не се појави на вчерашното сослушување, Саздов побара сослушувањето да се помести и да отпочне на 14-ти.

Првиот круг на сослушување сведоци, инаку, требаше да почне на 9-ти, а да заврши на 15-ти декември. Во тој период пред Комисијата требаше искази да дадат шестмина високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. До сега никој од нив не е испрашуван.

За одлуката точката сослушување да се отстрани од дневен ред освен осуммината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, гласаа и пратениците на ДУИ, како и независната пратеничка Роза Топузова-Каревска. Пратениците од СДСМ гласаа против, а поратеникот од ДПА беше отсутен.

Маја Васева

 

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ