Жени, живот, слобода“, „Смрт за машкиот фашизам, слобода за женскиот народ“, „Доста се кратат правата на жените ромки“, „За 0 девојки омажени под притисок“,и „Платен домашен труд“ беа дел од пораките упатени на вечерашниот Марш за женски права кој годинава се одржа по осми пат под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“.
Осумте црвени линии кои ги подвлече маршот кој беше организиран од Платформата за родова еднаквост, денеска беа барања за неограничен пристап до безбеден и легален медицински абортус во секоја општина, еднаква плата за еднаква работа и еднакви плати меѓу мажите и жените, постапување со должно внимание на институции задолжени за превенирање и заштита од родово базирано насилство, трансформација на статусот на жените работнички во културата кои што се соочуваат со неизвесност во однос на нивниот работен статус со години наназад, 50 проценти застапеност на жените на позициите на моќ да стане реалност, систематско решение за пристап до платено породилно отсуство и боледување за жените земјоделки, акција за жените работнички и обезбедена грижа за нивните деца и борба против мито и корупција.
Според нив, овие црвени линии не се само барања, туку и патоказ за мерки кои што можат да доведат до напредок.
Црвените линии на Ана Аврамовска Нушкова од Национална мрежа Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, учесничка на маршот се за општество кое препознава насилство, нула силувани жени, за сите насилници да одат во затвор и да бидат правилно санкционирани.
– Денешниот марш е за еднаквост и рамноправност кон сите жени, за сите еднакви плати и еднакви можности за вработување, за подобри здравствени услуги, за општество во кое што нема да се негува култура на насилство, рече таа.
За Тања Иванова, од Реактор – Истражување во акција правата на жените не се за преговарање и се дел од човековите права.
– Борбата не е завршена има уште многу работа за да стигнеме до еднакви права и треба сите здружено, заеднички и граѓански сектор и институции и луѓето кои што ги претставуваме заеднички, пред сѐ да работиме на менување на свеста, за да дојдеме до општествена трансформација која потоа би ни дозволила секој подеднакво да ги ужива сите права во ова општество, рече таа.
Меѓународниот ден на жената се одбележува секоја година на 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.