(ВИДЕО) Ласкова: Идната година половина од парламентарците ќе бидат жени

Од:

Борбата за еднаквост продолжува, СДСМ немаше да бидат борци за демократија без жените. Испраќаме силна порака – еднакви сме, изјави во своето обараќање, Цветанка Ласкова, претседатлека на Форумот на жени на СДСМ.

Ласкова пред присутните на маршот по повод Меѓународниот ден на жената кој е во организација токму на Форумот на жени на СДСМ, истакна „меѓу нас се оние што сме ги оставиле разочарани, но Форумот на жените е отворен да помогне на сите. Ќе продолжиме да ја креваме свеста, и горди сме дека во изборниот законик влезе 40 отсто квота на жени, а до 2020 ќе бидеме 50 отсто жени во политиката“.

Со измените на Законот за бременост, додава Ласкова ја добивме битката, одлуката да биде само на жената.

„Нашата држава влезе во земјите кои го искоренуваат семејното насилство како и со законот за заштита од дискриминација ги унапредуваме родовите права“, изјави Ласкова.


Жените маршираа од ЕУ Инфо центар до Школка во парк.  На половина пат, поточно кај Ленинова им се приклучија и премиерот Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните