Mарко Зврлевски денеска на „тапет“ во Советот на јавни обвинители

Од:

Советот на јавни обвинители, денеска ќе расправа и треба да донесе одлука за барањето од Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Два пати премиерот Зоран Заев бараше оставка од Зврлевски, но тој одлучи да молчи, по што Владата поднесе предлог за негово разрешување.

Претседателот на Советот, Петар Аневски, откако го доби предлогот, рече дека не сака да прејудицира какво ќе биде мислењето, позитивно или негативно, бидејќи Советот одлучува со мнозинство, но тој чичо оцени дека државниот обвинител бил перфектен досега.

Од 11 члена право на одлучуање ќе имаат десет члена бидејќи Зврлевски сам за себе не може да гласа. Марко Зврлевски, има право писмено да се произнесе за предлогот на Владата за негово разрешување, но нема право да учествува на седницата на Советот на јавни обвинители, чиј член е по службена должност, на која ќе се расправа по предлогот за разрешување.

На седницата не може да учествува ниту министерот за правда. И Зоран Сулејмановски нема право да гласа, бидејќи од март ги исполнил условите за пензија, но тој упорно присуствува на седниците и гласа.

Сите одлуки за кои тој се изјаснувал правно се дискутабилни.

Мислењето на Советот, не е обврзувачко и за тоа одлучува Собранието, каде Зврлевски може да дојде и да го каже својот став.

Сосема друга ситуација е при изборот на државен јавен обвинител, кога членовите на Советот мора да се произнесат околу секој од кандидатите пријавени на огласот.

Доколку тие не му дадат поддршка на ниту еден од кандидатите, во тој случај се распишува нов оглас.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Извршен е увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на „Идризово“

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

Обвинителство: Изборите се мирни – Кривични за две лица во Велес, за едниот се бара притвор

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ