Марко Ѓоргиевски е привремена замена за Лидија Димова во Националната агенција

Од:

Марко Ѓоргиевски, магистер по финансии и банкарство и член на СДСМ е назначен за вршител на дејноста директор во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, дознава „А1он“. Одлуката ја донесоа членовите на Управниот одбор. Ѓоргиевски доаѓа на местото од разрешената директорка, Лидија Димова, која пак е осомничена за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувања и злоупотреба на европски фондови.

dobivaj vesti na viber

Еден од клучните фактори за изборот на Ѓоргиевски било тоа што тој има искуство во финансискиот сектор, нешто што се покажало како слаба алка кај претходните директори на Националната агенција, велат извори од институцијата за „А1он“.

Според Законот за основање на национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Ѓоргиевски функцијата в.д. директор може да ја извршува најдолго шест месеци од неговото именување. За в.д. директор се именува лице кое ги исполнува условите како за избор на директор.

„Да е државјанин на Република Македонија; во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и да има минимум пет години работно искуство; да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години“, пропишува законот во делот на условите.

Ѓоргиевски не е вработен во Националната агенција, туку е лице поставено однадвор. „А1он“ ја побара и неговата биографија, но до овој момент, ја нема добиено. Засега е познато дека тој е претседател на општинската организација на СДСМ во Гази Баба и има учествувано во повеќе партиски активности. В.д. директорот, последно има учествувано во хуманитарна акција која ја организирал градоначалникот на Гази Баба, Борис Геогриевски.

Минатата година, именуваниот в.д. директор Ѓоргиевски учествувал и во партиска акција за чистење на Скопје, за која давал и изјава за медиумите. Во 2015 година, тој учествувал и на панел дискусија на тема „Како до подобри можности за младите да отпочнат бизнис?“. За претседател на партиската општинска организација е избран во јули минатата година.

Би можело да ве интересира

Короната го одложува исказот на Лидија Димова, благајничката и соработникот, но и одлуката за обвинението

Кристијан Ландов

Националната агенција ги прекина проектите вредни 211 илјади евра на фризерницата на Златковски

Златковски дал исказ пред обвинител, Димова, Гочев и Павлиду ќе се сослушуваат од идната недела

Кристијан Ландов

Обемен доказен материјал против Лидија Димова и другите осомничени, истрагата може и да се прошири

Димова пред да ја разрешат исплатила 26 илјади евра кон фризерницата, додека Финансиската полиција водеше истрага

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Службеничката ја демантира Димова: Немам спроведено контрола во „В.Е.З. Трејд“, нема записник со мој потпис

Кристијан Ландов