Втора година по ред осветениот крст кој се фрла во водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви во Општина Илинден, се најде во рацете на седумнаесетгодишниот Марио Димитријевски.
На петтото јубилејно празнување на Богојавление Водици во Општина Илинден, чиј организатор е Општината заедно со свештениците од црквата “Свети Константин и Елена“ беа пријавени 60 верници. Убавото време беше причина повеќе жителите од Илинден масовно да ја посетат оваа манифестација.
На најсреќниот учесник, кој годинава по трет пат се фрли по Богојавленскиот крст, од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и од претставници на јавните претпријатија, повеќе бизнисмени и граѓани му беа доделени повеќе вредни награди.
За многубројните посетители на оваа манифестации која од година во година станува се помасовна, Општина Илинден обезбеди топли пијалоци, како и традиционалната пивтија.