Маричиќ: Сакаме да им се зголемат платите и на судиите и на обвинителите

Од:

Интенцијата на нашите мерки и на нашата политика е да се зголемат платите и никој да не биде изоставен, а со тоа да се зголеми одговорноста и на судиите и на јавните обвинители и на судската и на обвинителската администрација затоа што граѓаните тоа го очекуваат, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот за правда Бојан Маричиќ.

Овие прашања, вели Маричиќ, се отворија и пред две недели, кога ги објавија покачувањата за судиите.

– Имав можност утрово на оваа тема да разговарам со претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител Тодор Витларов, тој ми укажа на одредени меѓународни стандарди, согласно кои примањата на судиите и на јавните обвинители треба да бидат на исто ниво. Владата тоа го уважи и интенцијата и во разговорите со Министерството за финансии ја утврдивме истата можност и истата потреба како кај судиите, така и кај јавните обвинители да има етапно покачување на платите од 10 проценти оваа година и пет проценти наредната година, со тоа што тоа ќе треба законски да се дефинира, информира Маричиќ.

Во однос на судската администрација и јавно-обвинителската служба, минатата недела, како што посочи, имале средба и со синдикатите и со здруженијата на судската администрација и јавно обвинителската служба, и се согласиле дека ќе ја интензивираат работата во работната група која се занимава со Законот за плати во судската служба и јавно обвинителската служба.

– Должни сме законски да ги уредиме прашањата со платите, примањата и можностите за додатоци и таму согласно можностите ќе обезбедиме зголемување колку што ќе дозволува буџетот и колку што ќе можеме оваа и во наредната година, додаде Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата