Владата се согласи да им се зголемат платите на судиите за 15 проценти

Од:

Владата и Здружението на судии постигнаа согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти. Десет проценти оваа година, а пет проценти следната, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ова зголемување, нагласи Маричиќ, очекуваме да важи и за судските службеници, а ќе се разговара и за јавните обвинители. Тој најави дека ќе се разговара и за зголемување на платите за уште дополнителни пет проценти за 2023 година и со цел да се стигне до посакуваните 20 проценти.

– Нашата Влада зазема став дека судската власт е особено важна и дека статусот треба постојано да се зајакнува – тоа важи и за условите за работа и за поддршката во смисла на зголемена судска администрација, повеќе работни места и плати на судиите. Зголемувањето на платите во судството оди паралелно со зголемување на одговорноста и ефикасноста на судиите и правосудниот систем, но и со процесот на дигитализацијата и прочистувањето, изјави Маричиќ.

Маричиќ, посочи дека очекува ова да се сфати како позитивен сигнал за целото правосудство, дека државата се грижи, но и дека очекува поголема транспарентност, одговорност и ефикасност. Средствата за договореното зголемување на платите, нагласи тој, се веќе обезбедени во рамки на судскиот буџет и дека очекува итно да се пристапи кон реализирање.

– Планираме да предложиме и законски измени или нов Закон за плати на судиите, со кој што трајно ќе ги дефинираме коефициентите на судската власт како еден долгогодишен проблем за кој се преговараше, изјави Маричиќ.

Претседателот на Здружението на судии Џемали Саити, посочи дека ова е плод на повеќегодишни разговори со Владата.

Тој посочи дека разговорите не се лесни, посочувајќи дела барале зголемување ма платите од 20 проценти.

– Сметатме дека тоа што во овој момент имаме согласност за 15 проценти е напредок. Се надевам дека ќе се движиме кон европските стандарди.

Би можело да ве интересира

Од денеска по електронски пат ќе се добива уверение од казнена евиденција

Ана Ололовска

Судиите не се чувствуваат доволно поврзани со работата на Судскиот совет, кој треба да покаже целосна транспарентност

А1он

Црвенковска: Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем

А1он

Владимир Туфегџиќ побарал од декември да не биде судија: Се губи смислата за понатаму, ако нема напредување во кариерата

Кристијан Ландов

Маричиќ: Можна е измена – судскиот процес да не почнува од почеток откако ќе замине судија

Жарко Настоски

Судскиoт совет разреши судија и избра четворица претседатели на основни судови

Жарко Настоски