Маричиќ: Горд сум што ги одбранивме нашите позиции и што нашиот идентитет стана европски

Од:

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ е горд што Владата го одбранила македонскиот интерес во преговорите со Бугарија кои биле искрен и отворен дијалог.

– Во тој процес бевме исклучиво водени од интересот на граѓаните и затоа сум горд што ги одбранивме нашите позиции и на достоинствен начин го направивме нашиот јазик и идентитет европски. Ние ќе почнеме преговори како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Историјата им ја оставаме на историчарите и овие прашања не се во преговарачката рамка. Договорот за добрососедство со Бугарија се наоѓа во општиот дел на рамката, а не во патокази според кои ќе бидеме дополнително оценувани – рече Маричиќ на прес-конференцијата по средбата со германскиот специјален преставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Тој додаде дека е време да се запечатат македонскиот јазик, идентитет и иднина.

– Сега кога работите се поместени од мртва точка, кога се отвораат вратите за нас за да седнеме на иста маса со развиените земји, потребни се одлуки. Потребно е како држава да покажеме обединетост. Не знам на кого би му одело државата да ја оставиме во неизвесност и можни турбуленции од надворешни и внатрешни влијанија.

Би можело да ве интересира

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК