Манипулацијата е страшна работа и зар навистина сакате со државата да владеат криминалци?

Од:

Може да се манипулира човек кој не знае, човек кој нема информации и човек кој слепо верува на еден извор на информации.

Во моментот кога некој медиум ќе стане основна манипулативна алатка во рацете на одредена политичка гарнитура (посебно кога таа гарнитура е на власт), во тој момент медиумот ги изгубил сите прерогативи на новинарството.

Само како пример ќе ја земам веста дистрибуирана преку од актуелната власт наградениот портал “Курир“ за Андреј Жерновски под наслов: Андреј Жерновски се пријавувал како невработен.

Во што се состои манипулацијата:

1. Насловот сугерира дека Андерј Жерновски направил нешто многу лошо со тоа што се пријавил како невработен. Во што се состои тоа лошото и незаконско ако некој кој останал без редовни приходи се пријави како невработен не е дадено понатаму во текстот, меѓутоа неуките читатели го градат својот однос кон Андреј Жерновски како некој кој го прекршил законот.

2. Во текстот се спомнува дека Андреј Жерновски има неколку стана. Ова не се потврдува со никакви наводи, меѓутоа и да има, крајно нејасно е какво влијание треба ова да изврши на неговата одлука да се пријави како барател на работа. Имено, никаде во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност не се спомнува забрана за барање работа доколку се имаат во сопственост неколку станови. Напротив во членот 1-а од Законот се вели:

Секој има право на пристап до вработување, без какви било ограничувања, согласно со принципот на еднаков третман, утврден во Законот за работните односи и во другите закони.

Согласно со принципот на еднаков третман, забранета е дискриминација при вработување по основа на брачен статус, семеен статус, боја на кожа, пол, јазик, политичко или друго убедување, активност во синдикати, национална припадност, социјален статус, инвалидност, возраст, сопственост, општествен или друг статус.

3. Понатаму во текстот се наговестува дека Андреј Жерновски примал паричен надоместок по снов на невработеност и покрај тоа што имал неколку станови во сопственост. Не знам дали Андреј Жерновски примал ваков надоместок, меѓутоа знам дека според Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (членови 62-78) се регулираат правата на луѓето кои останале без работа а пред тоа плаќале соодветни давачки токму заради осигурување во случај да останат без работа. Според овие членови:

Работниците кои се во работен однос, задолжително се осигурени во случај на невработеност – ЗНАЧИ ТОА НЕ Е КРИМИНАЛ ТУКУ ПРИМЕНА НА ПРАВОТО

Меѓу другите права од осигурувањето е и правото на паричен надоместок – ЗНАЧИ ТОА НЕ Е КРИМИНАЛ ТУКУ ПРИМЕНА НА ПРАВОТО

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци – ЗНАЧИ ТОА НЕ Е КРИМИНАЛ ТУКУ ПРИМЕНА НА ПРАВОТО

Правото на паричен надоместок не се врзува со поседувањето на станови туку со начинот на остварување на работата и начинот на постапување во текот на барање на работа – ЗНАЧИ ТОА НЕ Е КРИМИНАЛ ТУКУ ПРИМЕНА НА ПРАВОТО

Паричниот надоместок за невработеност не е социјална помош туку се пари кои секој од нас ги издвојува од својата плата за случај кога ќе остане без работа. И ТОА НЕ Е КРИМИНАЛ ТУКУ ПРИМЕНА НА ПРАВОТО.

Од овде произлегува дека сите медиуми кои го пренесле овој напис сториле дело клевета и треба да одговараат за тоа.

Со оглед на тоа дека ниту еден од овие медиуми не зборува за кривичните дела кои секојдневно ги прави власта во изборните активности, произлегува дека вршењето на кривични дела од страна на власта (за ова веќе пишував претходно) се велича како највисока вредност, а постапувањето согласно со законите од страна на опозицијата се претставува како најголем криминал.

Да живее криминалната власт и нејзините медиумски гласноговорници. Смрт на правото.

Мирјана Најчевска

Квадратура на кругот

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска