Манифестација „Дедо Мраз во посета на Зоолошка градина“ во Битола

Од:

Општина Битола денеска продолжува со новогодишната програма за деца и млади на плоштадот „Магнолија“ и на Широк сокак.

Според програмата, во текот на денот ќе бидат изведени детските претстави „Самовилата од напуштениот замок“ и „Изгубената снегулка“, а ќе биде приреден и посебен детско-тинјеџерски музички блок. За средношколците и студентите на новогодишната сцена ќе настапат стенд-ап комичарот Марјан Ѓеоргиевски, групите „Калабалак“, „3 Г Бенд“ и „Фан Хаус“.

Напладне ќе се одржи манифестацијата „Дедо Мраз во битолската Зоолошка градина“ на која освен забава со Дедо Мраз и бесплатно фотографирање, ќе се одржи забава со кловнот „Заги“ и награден квиз „Кој знае добива“ во кој ќе доминираат прашања за жителите во Зоолошката градина.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот