Маневски за Маричиќ: Од вакви слепци страда Македонија, како може министер да се заканува на суд за донесена одлука?

Од:

Поранешниот министер за правда, Михајло Маневски тврди дека актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ грубо се меша во работата на судот. Маневски прашува како Маричиќ знае кои судии гласале за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да излезе од притвор, а кој судија не се согласил, кога гласањето е тајно. Оваа реакција доаѓа откако Маричиќ јавно реагираше и бараше одговорност од судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, а не ја спомена Тања Милева, која исто така е дел од судечкиот совет.

„Спротивно на Законот за кривичната постапка ги објави имињата на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои како членови на Советот на Апелациониот суд Скопје гласале да се прифати гаранцијата на осудениот Сашо Мијалков и да се пушти од притвор. Согласно член 124 од Законот за кривичната постапка, гласањето на судиите во судечкиот совет се врши тајно. Резултатите од гласањето се тајни. Согласно член 96 од ЗКП, за советувањето и гласањето се составува посебен записник. Овој записник се става во затворен плик и може да го отвори само повисокиот суд. Како дозна Маричиќ дека овие судии гласале за одлуката и поименично ги наведе, иако одлуката уште не била напишана? Одлуката на повисокиот суд се доставува до судот што ја донел одлуката и тој ја објавува. Како може овој министер за правда толку грубо да се меша и да се заканува на судот за донесена одлука?“, прашува Маневски.

Тој прашува и дали Маричиќ кривично ќе одговара за оддавање на тајноста на гласањето на Судечкиот совет.

„И овој ли ќе биде потпретседател на Владата за евроинтеграции? Жалосно. Овој ли ќе се бори за владеење на правото? Од вакви слепци страда Македонија“, пишува Маневски.

Реакциите на стручната јавност не стивнаа откако Маричиќ на социјалните мрежи го искоментира ослободувањето од притвор на Мијалков. Коментарите се дека неговиот коментар е мешање во судството и закана за судиите.

Недозволиво е министер да изрази незадоволство против судска одлука. Ова е ставот на извршана директорка на коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска. Таа за „А1он“ вели дека на тој начин, свесно или несвесно се влијае врз исходот од работењето на судиите. Реакциите, според неа, индицираат мешање во судската власт, која е самостојна и независна. Петровска е децидна, дека одлуките на судиите може да ги контролира повисок суд, но не и Судскиот совет кој министерот го повика да побара отчет од судиите.

„Бојан Маричиќ повика на одговорност или, практично, повика на линч – тоа е недозволиво“, ова е ставот на професорот Гордан Калајџиев, кој за притисок врз судиите ја смета реакцијата на министерот за правда во која ја коментира одлуката за Сашо Мијалков да биде пуштен од притвор. Ваквиот чекор на Маричиќ наиде на низа критики, особено што од тројца судии што ја донеле одлуката, тој посочува само двајца, што би значело дека знаел како се изјасниле иако гласањето е тајно. Професорот Калајџиев смета дека на овој начин министерот ги тера судиите да го кршат законот.

Би можело да ве интересира

Маричиќ од Валандово: Членство во ЕУ за повеќе пари преку европските фондови

Маричиќ од Гевгелија: Инвестирани 813 милиони евра преку ИПА, интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите!

ПГ на СДСМ: Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги

Пренџов: Примитивецот Маричиќ е срам за машкиот пол, барам премиерот веднаш да го разреши

Орце Костов

Маричиќ: Спомен собата на првиот македонски претседател Глигоров претставува значајно политичко наследство

Маричиќ: Македонското Собрание ќе ги помести напред преговорите со ЕУ

Горан Наумовски