Манчевски: Ултра брз интернет за сите граѓани каде и да живеат

Од:

Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата”, потенцираше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на трибина посветена на дигитализацијата.

Манчевски, како што стои во соопштението од СДСМ, ги истакна придобивките од дигитализацијата за што рече дека значително го подобрува квалитетот на животот на сите граѓани, ги носи институциите и услугите до граѓаните и придонесува кон борбата со корупцијата.

Оцени дека дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.

-Време е личната карта и здравствената книшка да заминат во историјата, рече Манчевски и додаде дека со нова технологија ќе се стигне до целосна идентификација од мобилен.

Манчевски најави и развој на 300 нови електронски услуги, како и изградба на национална оптичка мрежа. Граѓаните ќе имаат на услуга ултра брз интернет било каде да живеат, по достапни цени. “Смарт сити платформа за сите градови”, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он