Манчевски: Се подобрува примената на системот на заслуги при вработување и унапредување на административните службеници

Од:

Пред претставници на граѓанскиот сектор, меѓународната заедница и на државни институции денеска е презентиран нацрт-годишниот извештај за имплементација на Акцискиот План на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.

Како што истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, остварувањето дијалог со сите чинители, особено во значајни области како што е реформата на јавната администрација, е многу важно и е секогаш високо на агендата.

Според Манчевски, постигнат значаен напредок во однос на целокупниот процес на креирање политики, консултација со засегнатите страни и координација.

-Среднорочното и секторското планирање значително се подобри и во 2019 имаме нешто повеќе од 97 проценти имплементација на клучни владини плански документи, што е речиси двојно повеќе од 2018. Учеството на засегнатите страни во креирањето на политики и закони се подобри, што тоа делумно се должи и на фактот дека континуирано расте процентот на нацрт Извештаи за ПВР и нацрт закони објавени на ЕНЕР за кои е запазена процедурата за навремено објавување, достигнувајќи 95 проценту во 2019 година. Воедно, се подобри и квалитетот на извештаи за ПВР, односно има пораст од речиси 10% на бројот на ПВР извештаи кои ги исполнуваат минимум критериумите во однос на процедурата и транспарентноста на процесот на ПВР, рече министерот Манчевски, соопшти МИОА.

Според министерот, примената на системот на заслуги при вработување и унапредување на административните службеници се подобрува и веќе се забележува намален процент на жалби и приговори поднесени од кандидатите на донесените одлуки за вработување/унапредување, и тоа од 2,2 проценти во 2018 на 0,56 проценти во 2019 година.

-Ја споменав транспарентноста на работењето на институциите, а тоа се потврдува и со овој Извештај. Додека процентот на одбиени барања за пристап до информации од јавен карактер од 2018 се намали речиси двојно и во 2019 изнесува 2,5 проценти, процентот на институции кои објавуваат отворени податоци порасна за 6 проценту од 2018 до 2019 година, рече Манчевски.

Како што стои во соопштението, присутните на презентацијата го поздравиле тоа што консултациите со засегнатите страни се одвиваат редовно. Воедно, тие ја поздравиле денешната презентација на Извештајот за РЈА, нотирајќи дека има напредок во реализација на мерките и активностите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он